Превенција од гниење на јаболката

Превенција од гниење на јаболката

Оваа болест не е толку важна во овоштарникот, но е многу важна во магацините и се смета за еден од најтешките видови гниење на плодовите.

Заразените плодови добиваат мувлосен, застарен мирис. Во услови поволни за развој на габата се појавува сино-зелена мувла.

Предизвикувачките агенси на гниењето се габи од родот Penicillium. Тие се претежно патогени на рани, но можат да навлезат и преку природни отвори. Плодовите оштетени за време на бербата се особено подложни на зараза.

Габите од родот Penicillium можат да произведат широк спектар на различни микотоксини (цитринин, патулин, орхатоксин А, пенитрем А) од кои најважен е патулинот. Тој е потенцијално канцероген, а докажани се и штетните имунолошки, невролошки и гастроинтестинални ефекти на патулинот врз човечкото тело.

Поради неговиот токсичен и потенцијално канцероген ефект, максимално дозволената концентрација на патулин е законски регулирана во Европската унија. Тоа е 50 µg/l за сокови, 25 µg/l за цврсти производи од јаболка и 10 µg/l за храна за бебиња.

Превентивни мерки за спречување на гниењето

Неопходно е да се применат превентивни мерки кои вклучуваат внимателно ракување со плодовите за време на бербата и пакувањето. Хигиенско одржување на магацините, што побрзо ладење на плодовите по бербата, како и одвојување и уништување на помодрените и расипани плодови.

Примената на фунгициди пред бербата (активни супстанци пираклостробин и боскалид). Како и потопување на плодовите по бербата и пред складирањето во суспензија или емулзија на фунгициди претставуваат ефикасно решение.

Фонд за Иновации и Технолошки развој
Фонд за Иновации и Технолошки развој
Фонд за Иновации и Технолошки развој
Фонд за Иновации и Технолошки развој